
Милан денеска и официјално потврди дека го доведе 23-годишниот напаѓач Ноа Окафор од Ред Бул Салцбург. Италијанскиот гигант за Окафор му плати 15 милиони евра обештетување на најдобриот клуб во Австрија. Овој швајцарски репрезентативец потпиша договор до 2028 година. Тој ќе го носи бројот 17.
Окафор е шестата аквизиција на Милан ова лето. Претходно во клубот пристигнаа Кристијан Пулишиќ, Рубен Лофтус-Чик, Тијани Рајндерс, Марко Спортиело и Лука Ромеро. Многу блиску е и трансферот на Самуел Чуквуезе од Виљареал кој Милан треба да го чини околу 30 милиони евра.
Швајцарскиот фудбалер ќе дели минутажа со Оливие Жиру на позицијата централен напаѓач, но има шанса да игра и како едно од крилата, способен е да ја покрие таа позиција на двете страни од теренот. Тој веднаш ќе се приклучи на тимот на Милан на американската турнеја. Таму италијанскиот клуб како дел од подготовките ќе одигра натпревари против Јувентус, Реал Мадрид и Барселона.
Окафор е фудбалер кој Салцбург го доведе од Базел во 2020 година за 11 милиони евра како замена за Ерлинг Халанд, кого непосредно претходно го продаде на Борусија Дортмунд. Тој постигна 34 гола на 110 натпревари за Салцбург, вклучувајќи го и еден против Милан во групната фаза од Лигата на шампионите минатата сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
