Connect with us

Со мртовечка кола упаднаа среде натпревар, избегаа и го оставија возилото на центарот (ВИДЕО)

Пријателскиот фудбалски натпревар меѓу англиските нисколигаши градски ривали Данстон и Гејтсхед беше прекинат на полувремето поради необични сцени кои ги оставија навивачите запрепастени. Натпреварот беше прекинат откако маскирани лица влегоа со погребна кола на теренот и ја оставија на средината на теренот.

На видеото објавено на социјалните мрежи, може да се види како погребна кола и друг автомобил се движат во круг низ центарот на теренот. Потоа две маскирани лица излегле од погребната кола, влегле во друг автомобил и се оддалечиле од стадионот пробивајќи ја оградата. Погребната кола остана на теренот.

Среде хаосот кој настана, беше донесена одлука за евакуација на навивачите од стадионот, а натпреварот беше прекинат на 1:1. „Голема среќа е што невини луѓе не беа убиени или повредени. Тие очигледно влегле низ вратата на паркингот и поминале покрај местото каде што играчите често се загреваат на полувремето“, изјавил за Индипендент еден од сведоците.

Засега нема извештаи за повредени или закани за време на инцидентот, а локалната полиција започна истрага. Седмолигашот Данстон им се извини на навивачите велејќи дека се работи за „семеен клуб“.

Интересно, Гејтсхед, кој настапува во петтата лига на англискиот фудбал, пред само шест дена загуби од Њукасл Јунајтед со 2:3 пред 7.200 гледачи на својот стадион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови