Connect with us

Пирло ќе биде тренер на Сампдорија

Нов тренер на Сампдорија ќе биде легендарниот фудбалер и италијански репрезентативец Андреа Пирло. Сампдорија следната сезона ќе игра во Серија Б, а новиот тренер потпиша двегодишен договор со опција за уште една година.


Според информациите од Италија, новиот сопственик на Сампдорија трипати се сретнал со Пирло, а ентузијазмот и искуството го убедиле да го назначи за тренер на клубот.


Пирло се враќа во Италија, а засега го водеше само Јувентус во својата земја, кога ги освои Купот и Суперкупот на Италија. Тој минатата сезона беше тренер на турскиот Караѓумрук, но доби отказ на неполн месец пред крајот на шампионатот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови