
Шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ (41) се прости од фудбалот на крајот на минатата сезона. Легендарниот напаѓач не беше во составот на Милан на мечот против Верона поради повреда на потколеницата со која долго време се мачеше, но се појави на теренот на „Сан Сиро“ и откри дека заминува во пензија.
Навивачите на Милан му посветија посебна кореографија нарекувајќи го бог, а по средбата шведскиот напаѓач со емотивно обраќање ги изненади сите и објави дека заминува во пензија.
Сепак, само еден месец подоцна, во интервју за „Калчомеркато“, Златан најави можно враќање на терените.
„Не се брзам, ќе видиме што ќе се случи. Поминаа само три недели откако се пензионирав. Можеби ќе се вратам на теренот… Можеби за неколку месеци ќе се вратам во тренинг центарот на Милан. Благодарен сум на сите што би сакале да ме видат во Милано, дури и како тренер“, изјави Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот во два мандати играше за Милан пет и пол години, одигра 169 натпревари со 93 гола и освои две „скудета“ и Суперкуп на Италија. Кариерата на еден од најдобрите напаѓачи на модерната ера траеше повеќе од две децении.
Започна во Малме, а потоа играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и за ЛА Галакси. Тој освои шампионски титули со Ајакс, Јувентус, Интер, Барса и со ПСЖ. Со Манчестер Јунајтед ја освои Лигата на Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
