
Англискиот премиерлигаш Кристал Палас и Рој Хоџсон постигнаа договор за новата сезона. Хоџсон излезе од пензија за да му помогне на својот клуб, кој го презеде од Патрик Виеира и на крајот обезбеди опстанок.
Под водство на Хоџсон, Кристал Палас потсети на некои од најдобрите денови под неговата палка од претходниот мандат, па се очекуваше продолжување на соработката.
Хоџсон повторно ќе биде највозрасниот менаџер во Премиер – лигата, со 75 години.
Во својата кариера водеше бројни клубови, а неговата тренерска работа започна далечната 1976 година во Халмштад.
Последниве години, освен во Кристал Палас, работеше и во Вотфорд, младата репрезентација и во А – селекцијата на Англија, Ливерпул, Фулам…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal