
Италијанскиот калчолигаш Јувентус одреди цена од 60 милиони евра за својот фудбалер Федерико Киеза. „Газета дело Спорт“ тврди дека „бјаконерите“ не се убедени дека 25-годишниот крилен напаѓач ќе го продолжи договорот, кој има важност уште две години, и се подготвени да го продадат на лето доколку некој клуб ја плати бараната сума.
Ливерпул, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен се клубовите кои се заинтересирани за Киеза, иако малку потивко во трката се вклучи и Астон Вила.
Јувентус се соочува со финансиски проблеми откако не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а поради казната од 10 бода што ја доби за финансиски малверзации во периодот на ковид-кризата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
