
Ливерпул покажа интерес за играчот од средниот ред на Селта, Габри Веига. Според „Мундо Депортиво“, англискиот премиерлигаш испратил понуда за 21-годишниот играч, кој минатата сезона во Примера постигна 11 гола и забележа четири асистенции.
Сепак, „црвените“ понудиле пониска сума од 40 милиони евра, колку што изнесува ослободителната клаузула во договорот на Веига.
Јирген Клоп веќе го засили средниот ред со Алексис Мекалистер, но според медиумите на Островот, намерите на Германецот се да ангажира уште двајца играчи од средниот ред.
Кефрен Турам, Ману Коне, Рајан Гравенберх и Габри Вега се имињата кои во последно време најчесто се поврзуваат со Ливерпул.
Според „Мундо Депортиво“, Ливерпул на Вега му понудил плата од 5 милиони евра по сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
