
Лацио би можел да потпише со поранешната ѕвезда на Кристал Палас, Вилфрид Заха. На Англичанецот му истече договорот со „орлите“ и тој е слободен агент. Римскиот клуб размислува дали да достави понуда за играчот.
30-годишниот фудбалер речиси целата своја кариера ја помина во Кристал Палас. Две години беше во сопственост на Манчестер Јунајтед, но не успеа да се наметне таму и брзо се врати на „Селхарст Парк“.
Освен од Италија, интерес за Заха има и од Саудиска Арабија и од францускиот прволигаш Лион.
Сепак, Лацио би можел да му понуди фудбал во Лигата на шампионите, откако тимот на Сари го обезбеди своето место во најпрестижното клупско натпреварување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
