Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, го пофали својот тим по победата над Холандија во полуфиналето на Лигата на нации. „Коцкестите“ по продолженија победија со 4-2 и за трофејот ќе играат против победникот од второто полуфинале меѓу Шпанија и Италија.
„Им честитам на момците. Ова е победа за цела Хрватска. Победата од 4-2 против Холандија на гости е голем успех. Ќе имаме уште некој медал во колекцијата и тоа го заслужуваме. Ова е една од најважните победи на репрезентацијата, би ја нарекол историска“, изјави Далиќ.
Горд е и капитенот Лука Модриќ.
„Одигравме брилијантен натпревар, што беше нашата цел. Првите 20 минути беа тешки, но потоа многу го подобривме нашиот ефект. По голот на Крамариќ го покажавме максимумот од нашите можности. Штета што примивме гол во последната минута, но потоа покажавме карактер во продолженијата“, прокоментира хрватскиот капитен Лука Модриќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













