Изненадување доаѓа од Апенините. Масимилијано Алегри е блиску да го напушти Јувентус и да го преземе актуелниот шампион на Италија, тимот на Наполи. Тој би бил наследник на Лучијано Спалети, кој го врати скудетото на Неапол по 33 години.
Оваа информација ја објави „Калчомеркато“, а наводно на негово доаѓање најмногу инсистира контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио де Лаурентис.
Што се однесува до Алегри, ова му е втор мандат на клупата на Јувентус и досега има водено 105 натпревари од мај 2021 година.
Претходно тој беше на клупата на оваа екипа од 2014 до 2019 година, а петпати беше шампион на Италија, четири пати го освојуваше Купот и двапати Суперкупот на оваа земја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













