
Томас Милер ја освои својата 12. титула во Бундес-лигата и призна дека оваа е „најлудата“ досега. Сепак, тој додаде дека ги разбира луѓето кои сметаат дека Баерн Минхен не заслужи да стане шампион.
Баварците неочекувано го кренаа трофејот на крајот од сезоната, откако Борусија Дортмунд не успеа да победи (2-2) на домашен терен против Мајнц, а Џамал Мусијала постигна гол во 89. минута за победа од 1-2 во Келн.
„Најемотивната титула за мене беше веројатно првата. Оваа дефинитивно беше најлудата“, изјави 33-годишниот напаѓач за „Скај Германија“.
„Вториот дел од сезоната беше многу хаотичен и на теренот и надвор од него. Но, сигурно нема да се извинам што сум шампион и сум среќен. Од гледна точка на другите (Борусија Дортмунд), сепак, она што се случи беше крајно непријатно. Жал ми е за нив“, дополни ветеранот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski