
Борусија Дортмунд беше на чекор до титула. Требаше само да победи дома против Мајнц, но на крајот не успеа. По шокантното водство на Мајнц од 0-2, на крајот „милионерите“ стигнаа само до 2-2. А тоа го искористи Баерн Минхен и со триумф над Келн (1-2) на гости ја задржа доминацијата во Бундес-лигата.
Един Терзиќ, тренерот на Борусија Дортмунд, не можеше да најде зборови по големото разочарување.
„Барам разбирање затоа што не можам во моментов да направам некоја добра анализа“, едвај пелтечеше тренерот на Борусија Дортмунд.
„Навистина го сакавме тоа, цел град, цел стадион. Работевме напорно за да ја добиеме оваа позиција, имавме огромни шанси. Чувството сега е трагично. Кога ќе ги видите момчињата како лежат на земја, кога ќе ги видите како седат во соблекувалната и кога ќе ја видите оваа празнина, чувствувате дека некои работи едноставно не се фер“, дополни Терзиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија
