Арсенал долго се држеше во трката за титулата, но на крајот сепак потклекна во битката со Манчестер Сити. По ова, менаџерот Микел Артета јавно призна дека Арсенал мора „апсолутно да ги погоди“ своите летни засилувања бидејќи сака да го надогради напредокот од оваа сезона и да се подготви за враќање во Лигата на шампионите.
За тоа ќе бидат потребни големи имиња, вклучувајќи го и капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган. Има најави дека тој ќе се пресели во Барселона, но Арсенал ќе се обидат да го убедат да го промени мислењето.
Капитенот на Вест Хем, Деклан Рајс, исто така е меѓу главните цели, бидејќи има уште една година од договорот со опција за продолжување на 12 месеци.
„Топчиите“ исто така бараат да додадат креативноста во нападот и тоа ја поттикна нивната потрага по Мејсон Маунт, иако има силна конкуренција од Ливерпул и од Манчестер Јунајтед, додека Челси ќе направи последен чекор за продолжување на неговиот договор, кој истекува во 2024 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија













