Connect with us

Ангеловски: Сакаме да останеме трети, повредите нема да ги намалат мотивите

Фудбалската репрезентација на Македонија во десеткуван состав ќе ги очекува двата последни натпревари од квалификацискиот циклус за ЕВРО 2020, против Австрија во Виена на 16 ноември и три дена подоцна против Израел во Скопје. Селекторот Игор Ангеловски очекува националниот тим сепак да биде на вистинското ниво и покрај изостаноците. 

„Алиоски и Тричковски отпаднаа, затоа го повикав Костадинов. Дарко Велковски и Стефан Ристовски сигурно доаѓаат, имаме и тројца суспендирани за мечот со Австрија, но верувам дека ќе бидеме на ниво. Сакаме да го задржиме третото место. Австрија е фаворит, но ние сакаме да ги заокружиме квалификациите на добар начин“ – изјави селекторот Игор Ангеловски.

Одбранбениот фудбалер Висар Муслиу нема право на настап против Австријците, заедно со Бобан Николов и со Илија Несторовски, но верува дека Македонија може да одигра на потребното ниво на последните два меча.

„Нема да играм против Австрија, но ги охрабрувам соиграчите и верувам дека ќе одиграат на високо ниво против Австрија, особено во одбраната“, изјави Висар Муслиу.      

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови