Никола Ѓоргев има зад себе одлични натпревари во дресот на Грасхоперс, што беше доволна препорака за поранешниот младински репрезентативец повторно да го облече дресот на Македонија. Свесен дека задачата на овие последни натпревари нема да биде нималку лесна, Ѓоргев сепак порачува дека мора да се игра храбро и да се користат шансите што ќе се создадат.
„Горд сум што пак сум дел од репрезентацијата. Задоволен сум од формата во која се наоѓам, одиграв петнаесетина натпревари, дадов неколку голови и асистенции. Добро се чувствувам и среќен сум што пак сум тука. Треба да излеземе храбро на теренот, сите заедно како тим и да ги завршиме квалификациите со што е можно подобар резултат. Знам дека не треба да се плашиме од Австрија, иако го знаеме нивниот квалитет, но и ние имаме добри фудбалери и ќе ја чекаме шансата. Ќе видиме како ќе изгледаме тактички, но треба да бидеме трпеливи и доколку ни се укаже шанса да ја искористиме максимално“, изјави Никола Ѓорѓев.
Дефанзивецот на Вардар, Марио Младеновски, исто така доби повик од селекторот по одличните игри на клупски план во последните месеци.
„Чест е ако добијам шанса на еден од двата натпревари. За еден млад фудбалер многу значи ако добие прилика да игра пред полн стадион. Во овие два меча треба да влеземе максимално мотивирани за да ги добиеме. Првиот меч со Австрија ќе биде тежок, имаат одлични фудбалери, но ние ќе се обидеме да го дадеме максимумот“, изјави Младеновски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski