Пари Сен Жермен, актуелниот шампион на Франција и Европа, е во преговори со Џанлуиџи Донарума за продолжување на соработката, но не под истите услови. Клубот му понудил нов договор на 26-годишниот италијански голман, но со намалена плата во однос на актуелната.
Донарума моментално заработува околу 12 милиони евра годишно, а неговиот договор истекува во летото 2026 година. Иако изразил желба да остане на „Паркот на принцовите“, засега не е постигнат финален договор меѓу двете страни.
Ситуацијата не остана незабележана на трансфер-пазарот. Интерес за Донарума веќе покажале европските гиганти Баерн Минхен и Манчестер Сити, кои внимателно ја следат разврската.
Во сезоната 2023/24, Донарума одигра 47 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања, при што прими 43 гола и успеа да ја зачува мрежата недопрена на 17 средби.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













