Македонскиот шампион Шкендија избори пласман во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, откако по продолженија го совлада велшкиот ТНС со 2-1 на Арената „Тодор Проески“. Натпреварот во регуларниот дел заврши 1-1, а првиот дуел во Велс беше без голови.
Тренерот на тетовскиот тим, Јетон Беќири, по натпреварот не го криеше задоволството од пласманот понатаму, иако призна дека патот до успехот не беше лесен.
„Гледајќи ја целата слика, мислам дека Шкендија заслужено оди понатаму. Очекувавме тежок натпревар, а ТНС навистина се покажа како цврст противник. Сепак, ја исполнивме нашата цел и по продолженијата успеавме да го обезбедиме пласманот. Сега ни претстои нов сериозен предизвик – ФЦСБ. Станува збор за силен и респектиран клуб од Романија, но ќе направиме добра анализа и ќе се подготвиме максимално“, изјави Беќири.
Првиот меч против ФЦСБ е закажан за наредната седмица, а Шкендија ќе биде домаќин на таа средба.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија
Евро-фудбал
Сао Паоло му даде отказ на Хернан Креспо













