Рекордниот трансфер на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен веќе долго време е најскапиот во историјата, но наскоро би можел да биде соборен – доколку Челси ја прифати понудата за својот најдобар играч.
Кол Палмер беше херојот на Челси во финалето на Светското клупско првенство, постигнувајќи два гола и една асистенција против Пари Сен Жермен (3-0). Интересно, токму ПСЖ е клубот што сака да го доведе фудбалерот кој им го „сруши“ сонот за светска клупска титула.
Според шпанскиот медиум „Фишајес“, ПСЖ подготвил неверојатна понуда од 250 милиони евра за Палмер, сума која, дури богатиот Челси, веројатно ќе биде тешко да ја одбие.
Не е тешко да се погоди зошто челниците на ПСЖ се одлучиле токму за Палмер – финалниот натпревар беше под лупа на целото раководство на клубот, а англискиот офанзивец остави силен впечаток со својата игра.
Ако трансферот се реализира, тоа би бил најголемиот во историјата на фудбалот. Сегашниот рекорд го држи ПСЖ со купувањето на Нејмар од Барселона за 222 милиони евра во 2018 година.
ПСЖ е и на второто место со трансферот на Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра една година подоцна. Со евентуален ангажман и на Палмер, ПСЖ би бил клубот со трите најскапи трансфери во историјата на фудбалот.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













