
Италијанските гиганти Интер и Јувентус се на готовс, откако репрезентативецот на „аѕурите“, Марко Верати, најави дека најверојатно ќе си замине од ПСЖ. Негова цел е да се врати во Италија, а интересно е дека тој досега во кариерата нема настапувано во Серија А.
Интер би сакал да го има Верати и да го спои со Николо Барела, со кого одлично се познаваат и од националниот тим. Во игра е и Јувентус, кој подолг период се обидува да направи трансформација на средниот ред во тимот на Масимилијано Алегри.
Верати има и понуда од Саудиска Арабија, но се чини дека сепак многу поблиску е до враќање на Апенините ако одлучи да го напушти Париз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal