Connect with us

„Елмас ќе има понуди од половина Европа“

Елиф Елмас е вториот Македонец кој успеа да освои „скудето“ во Серија А, по Горан Пандев со Интер. Македонскиот репрезентативец имаше одлична сезона во Наполи, иако најчесто влегуваше од клупата за резерви.


Медиумите во Италија анализирајќи ја сезоната на Наполи, тврдат дека Елмас е клучниот „џокер“ во тимот на Лучијано Спалети, истакнувајќи дека ова лето за него ќе има огромен број понуди од големите клубови на „чизмата“, но и од цела Европа.

„Македонецот е џокер на Спалети, зашто го гледавме како фудбалер за врска, како офанзивен фудбалер за врска, како крило, еднаш и како класичен центарфор… И секојпат тој успеваше да ги надмине очекувањата, посебно во континуитетот на настапите. Неговата последна асистенција за голот на Распадори против Јувентус ја покажа сета негова разновидност и неговата вистинска вредност. Елмас заслужи постојано да игра, а летово пред него ќе биде многу важно, зашто сѐ повеќе ќе добива на важност во тимот. Природно би било да го преземе местото на Зиелински, како наследник на Полјакот, но од друга страна има најави дека половина Европа и најголемите во Серија А ќе сакаат да го земат Елмас. Елјиф отсекогаш велел дека сака да игра за Наполи“, пишува италијанскиот „Тутомеркатовеб“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови