
Кристоф Галтие нема да го води ПСЖ следната сезона, тврдат француските медиуми. Сопствениците на ПСЖ не можат да му простат на Галтие испаѓањето од Лигата на шампионите во осминафиналето од Баерн.
Клубот размислува да му даде отказ на Галтие и сега, а не на крајот на сезоната. Во тој случај ПСЖ би нашол привремен тренер до крајот на сезоната, а потоа во јуни би довел големо име.
Челниците на ПСЖ веќе го контактирале Јулијан Нагелсман, германскиот тренер кој неодамна доби отказ од Баерн Минхен и имало првични разговори за негово пристигнување во Париз . Како потенцијален тренер на ПСЖ се споменува и Зинедин Зидан, кој е невработен две години откако го напушти Реал Мадрид.
Галтие го презеде ПСЖ минатата година и раководеше со клубот на 41 натпревар. Оствари 28 победи, со осум порази и пет ремија.
ПСЖ има шест бода пред Ленс и пред Марсеј на врвот на табелата во францускиот шампионат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Иван Ракитиќ става крај на блескавата кариера
