Connect with us

ПСЖ сака да го продаде Нејмар, но стравува за неговата повреда

Францускиот првак Пари Сен Жермен планира голема реконструкција во летниот преоден рок. Ќе има најверојатно и промена на тренерската позиција, а раководството на клубот сака да се ослободи и од дел од ѕвездите.


Меси најверојатно ќе замине, тимот ќе се гради околу Килијан Мбапе, а ПСЖ сака да го продаде и Бразилецот Нејмар.

ПСЖ на Меси му упати нова понуда, но со 75 отсто намалување на сегашната плата од 40 милиони евра. Јасно е дека Аргентинецот нема тоа да го прифати и дека ќе си замине.

Се чини дека поголемиот проблем на „светците“ е како да се ослободат од Нејмар.

Повредата која ја претрпе Бразилецот за време на првенствениот натпревар против Лил во средината на февруари може да влијае на остатокот од неговата кариера. Француските медиуми пишуваат дека парискиот клуб со задоволство би се ослободил од него во вносен трансфер, но стравуваат дека нема да можат да го сторат тоа.

Нејмар ги оштети лигаментите на десниот скочен зглоб, поради што мораше да оди на операција. Прогнозата на клубот беше опоравување од околу четири месеци, но сега се пишува дека Нејмар би можел да закрепне уште подолго. Ова ги нарушува плановите на францускиот шампион.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови