
Ливерпул игра многу лошо оваа сезона, но Јирген Клоп не ја плати цената како некои други колеги. Сепак, и тој е свесен за сѐ и знае зошто уште е на кормилото на Ливерпул.
Челси беше поразен од Астон Вила со резултат 0-2, а цената ја плати Грем Потер. Тој беше отпуштен само седум месеци по пристигнувањето на „Стемфорд бриџ“.
Друг менаџер кој беше разрешен е Брендан Роџерс, кој во последните шест кола на чело на Лестер освои само еден бод во мечот против Брентфорд.
За време на последната прес-конференција Јирген Клоп зборуваше за отказот на двајцата и изјави дека неговата иднина во Ливерпул е на разнишани нозе.
„Црвените“ имаат исклучително лоша сезона, по 27 кола се само на осмото место, додека во Лигата на шампионите беа елиминирани од Реал Мадрид во осминафиналето.
„Што да кажам за отпуштањата? Мислам дека „слонот во собата“ е причината зошто сум уште тука во овој луд свет! Јас сум последниот човек што остана!
Свесен сум дека останав поради минатото, а не поради тоа што го направив оваа сезона. Ако ова беше мојата прва сезона, ќе беше малку поинаку.
Тука сум да работам и да напредувам. Не сум тука како талисман или за ѕидни мурали, тоа го знам 100 проценти. Знам дека сум тука поради она што се случи во последните неколку години и не сакам да се задржам на тоа. Не можеме да продолжиме да играме како што играме. Многу сум разочаран што правиме некои работи, но сега треба да најдеме излез“, изјави Клоп.
Германскиот стратег е менаџер со најдолг стаж во Премиер – лигата. Јирген Клоп е во Ливерпул седум години и 177 дена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
