Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, беше воодушевен што неговиот тим се пласираше во полуфиналето на ФА Купот по драматичната победа над Фулам со 3-1.
Лондончани поведоа на почетокот на вториот дел со голот на Александар Митровиќ, но „црвените ѓаволи“ направија целосен пресврт со двата гола на Бруно Фернандеш и голот на Марсел Забицер.
Клучниот момент на натпреварот дојде на петнаесетина минути до крајот кога беше досуден пенал откако Вилијан играше со рака пред гол-линијата, а потоа тој, Александар Митровиќ и менаџерот на Фулам, Марко Силва, беа исклучени со црвени картони.
„Тоа беше целта и среќни сме поради победата. Покажавме одличен карактер. Секогаш кога овој тим излегува, покажува решителност. Фулам е добар тим и моравме да бидеме подготвени за да ги победиме. Имавме добро прво полувреме, имавме добри моменти во нападот и можевме да постигнеме два или три гола. Но, сакам ова да го потенцирам. Направивме одличен контранапад и сите видоа како Вилијан играше со рака. Следниот натпревар е многу далеку. Сега играчите одат со своите репрезентации и ние ќе ги правиме нашите анализи периодов. После тоа имаме натпревари против Њукасл, Брентфорд и Евертон“, изјави Тен Хаг по победата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













