Connect with us

Наполи реди победи…падна и Торино (ВИДЕО)

Наполи стигна до нов убедлив триумф во Серија А откако го совлада Торино на гости со 0-4. Тимот на Лучијано Спалети покажа доминација и на овој меч, а Елиф Елмас играше од 65.минута.

Виктор Осимен беше двоен стрелец за гостите, ја отвори серијата во деветтата минута, а потоа погоди и во 51.минута.

Квича Кварацкелија го постигна вториот погодок во 35.минута, а во второто полувреме во листата на стрелците се запиша и Тангуј Ндомбеле.

Фиорентина го победи Лече со 1-0, со автоголот на Антонино Гало, а Сампдорија претходно славеше со 3-1 против Верона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови