
Дефанзивецот Серхио Рамос е подготвен да потпише нов договор и да остане во Пари Сен Жермен уште една сезона, пренесува „АС“. Шпанецот ужива во животот во Франција и се чувствува удобно во шампионот на Лига 1, а целта е да го продолжи договорот кој му истекува на лето.
Рамос му се приклучи на ПСЖ во 2021 година. Дефанзивецот и поранешен играч на Реал Мадрид оттогаш одигра 49 официјални натпревари за тимот од главниот град на Франција, постигнувајќи четири гола и една асистенција.
Пари Сен Жермен води во поредокот во францускиот шампионат со 10 бода предност пред Олимпик Марсеј, но отпадна од трката за трофеите во Лигата на шампионите и во Купот на Франција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике

Евро-фудбал
Спалети пред отказ по дебаклот против Норвешка
