Connect with us

Ибрахимовиќ влезе во аналите на Серија А, Удинезе дојде до победа против Милан (ВИДЕО)

Шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ стана нов највозрасен стрелец во Серија А откако погоди вечерва од пенал во поразот на Милан (3-1) од Удинезе. Ибракадбра со 41 година и пет месеци се запиша во листата на стрелците. Тој не го реализира првиот удар од белата точка, но ВАР го повтори шутот затоа што дел од дефанзивците на Удинезе побрзо влетале во шеснаесетникот. Во вториот обид Ибрахимовиќ беше сигурен.


Роберто Переира во деветтата минут го доведе Удинезе во водство, а Ибрахимовиќ израмни во 45.минута. Сепак, Удинезе на одмор замина со предност, затоа што погоди и Бето.


Во второто полувреме Кингсли Ехизибуе го потврди триумфот за домашниот тим со голот во 70.минута.

Илија Несторовски остана на клупата за резерви кај Удинезе на овој меч.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови