Connect with us

Милан без Тео Хернандез на гости во Удине

Италијанскиот шампион Милан ќе мора без Тео Хернандез на гостувањето на „Дачија Арена“ против Удинезе. Францускиот интернационалец поради болест не отпатува со тимит, инфорира „Скај Италија“.


Поранешниот играч на Реал Мадрид, вчера се пожалил на симптоми на грип и поради тоа нема да биде дел од тимот. Ситуацијата со дефанзивецот се влошила во текот на ноќта и Хернандез не замина со „росонерите“ во Удине.

Тео Хернандез пропушти само четири натпревари оваа сезона, против Емполи, Кремонезе и Лацио во Серија А и во Лигата на шампионите против Челси.

Сѐ уште не е јасно дали левиот бек ќе биде достапен за натпреварите на Франција. „Петлите“ се соочуваат со Холандија на 24 март и со Ирска на 27 март во квалификациите за ЕВРО 2024 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови