Лидерот во Премиер – лигата, Арсенал, продолжува да го следи играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. „Топчиите“ долго време го бркаат 28-годишниот Србин, но нивните обиди да го ангажираат досега беа неуспешни поради преголемите финансиски барања на претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.
Сепак, лондончани сега се надеваат дека „орлите“ на лето драстично ќе ја намалат цената на играчот и тоа ќе им овозможи да го привлечат на „Емирати“.
Досега се тврдеше дека Лотито бара 100 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ, а некои медиуми споменуваа и цена од 115 милиони евра. Сепак, „Газета Дело Спорт“ објави дека цената на играчот сега е преполовена. Причината за ова е што договорот му истекува за една година, а тој не даде никакви индикации дека сака да потпише повторно.
Тоа значи дека Лацио ќе треба да одлучи дали ќе го продаде и нема да биде во силна позиција во никакви преговори.
Арсенал се надева дека ќе успее да го добие Милинковиќ-Савиќ за сума од околу 50 милиони евра. Постои дури и опција неговата цена да падне уште пониско, на околу 35 милиони евра, доколку самиот играч и неговиот агент го притиснат Лацио за трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













