Connect with us

Чурлинов: Фаворити сме против Малта, но треба тоа и да го докажеме

Фудбалската репрезентација на Македонија од следната седмица повторно ќе биде на собир и ќе го почне новиот циклус квалификации за Европското првенство 2024 година во Германија. Прв ривал е Малта, а потоа македонската селекција ќе одигра и пријателски меч против Фарски Острови.


Дарко Чурлинов ги надмина повредите и повторно ќе биде дел од националниот тим.

„Навистина се радувам и среќен сум што по подолго време повторно ќе бидам дел од македонската репрезентација. Изминатите месеци поради повредата на мускулот беа тешки за мене, но сега повторно сум во натпреварувачка форма и се разбира дека тоа сакам да го пренесам на репрезентативните предизвици кои ни следуваат. Јас ги пропуштив последните три репрезентативни собири и навистина со нетрпение го очекувам собирот за почетокот на квалификациите за ЕП 2024. Речиси секојдневно сме во контакт со репрезентативните колеги и можам да потврдам дека го делиме истото чувство”, вели Дарко Чурлинов, во пресрет на новиот квалификациски циклус за ЕП 2024.

Прв предизвик е селекцијата на Малта која ќе гостува во Скопје.

„За нас, почетокот на квалификациите е многу важен. Фаворити сме против Малта, но тоа треба да го покажеме на терен. Имаме сила, веруваме во себе и така ќе се поставиме. Ќе се обидеме да го пренесеме на терен тоа што од нас го бара селекторот. Некогаш резултатите се добри, некогаш не, но целта е што подобро да ја претставиме Македонија и да постигнеме најдобар можен резултат. Ќе дадеме се од себе во овие квалификации и верувам дека можеме да направиме голема работа“, истакна фудбалерот на англискиот Барнли.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови