Легендарниот српски фудбалер и тренер, Синиша Михајловиќ, кој почина од леукемија на крајот на минатата година, постхумно ќе биде примен во „куќата на славните“ во италијанскиот фудбал.
Италијанската федерација (ФИГЦ) во 2011 година ја формираше „куќата на славните“ со намера да им оддаде посебно признание на фудбалерите, тренерите и фудбалските работници кои дале значаен придонес во италијанскиот фудбал.
Покрај Србинот, во „куќата на славните“ ќе влезат и Џанфранко Ѕола, Зинедин Зидан, Жозе Мурињо, Алесандро Алтобели, Кристијано Џирели, Ернесто Пелегрини и Ерн Егри Ербштајн.
Михајловиќ остави голем белег и како фудбалер и како тренер во Серија А.
Настапуваше за Сампдорија, Лацио и за Интер, а потоа беше и тренер на повеќе италијански тимови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













