Connect with us

Артета: Овој пораз е голем удар за нас

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, призна дека е непријатно изненаден од елиминацијата на неговиот тим во осминафиналето на Лига Европа. „Топчиите“ имаа многу поголеми амбиции во ова натпреварување, но на пенали беа елиминирани од Спортинг Лисабон на „Емирати“.


„Тоа е голем удар за нас. Во првите 75 минути имаше моменти кога не бевме на вообичаеното ниво. Прелесно ја губевме топката, немавме капацитет да го преземеме натпреварот под наша контрола. Имавме и неколку сериозни шанси за победа, а копга дојде мечот да се одлучува на пенали, тогаш ништо веќе не е невозножно. Беше тежок натпревар, а ние не добивме доволно дуели и не го притиснавме доволно противникот. Ја губевме топката постојано и дозволивме повеќе отворена игра отколку што требаше. Се случија и повредите на Томијасу и Салиба и тоа многу нѐ ограничи во однос на замените“, изјави Артета.

Арсенал сега ќе се фокусира на трката за титулата во Премиер-лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови