
Ерлинг Халанд минатото лето реши да ја напушти Борусија Дортмунд и потпиша за Манчестер Сити кој успеа да го донесе за „само“ 80 милиони евра и заврши фантастична работа. Сепак, Сити реши дополнително да се погрижи да го „врзе“ Халанд со интересна клаузула.
Норвежанецот имаше клаузула во договорот со Борусија Дортмунд дека би можел да го напушти овој клуб во летото 2022 година за 80 милиони евра, а јасно беше дека тоа е многу пониска цена од реалната вредност.
На крајот тој се согласи да оди во Манчестер Сити кој доби фантастично засилување, но и успеа да се обезбеди кога е Халанд во прашање. Норвежанецот преку својот поранешен менаџер Мина Раиола успеа повторно да додаде клаузула на договорот дека може да го напушти клубот доколку некој ја плати откупната клаузула, но овојпат сумата е дури 200 милиони евра.
Манчестер Сити се согласи, но не сакаше клаузулата да важи во 2024 година како што бараше Халанд. Тие сакаа тој да остане на „Етихад“ повеќе од две сезони и најдоа начин да го остварат тоа.
Англиските медиуми пишуваат дека на договорот додале посебна клаузула под името „Гвардиола“.
Имено, Халанд се согласи да дојде во Манчестер Сити најмногу поради шпанскиот стручњак и најдоа начин да го одложат активирањето на неговата откупна клаузула.
Клаузулата „Гвардиола“ значи дека рокот на клаузулата на Халанд ќе биде поместен од летото 2024 година на летото 2025 година во случај Пеп да го продолжи договорот со Сити, што неодамна го направи.
Гвардиола се согласи да остане во Сити до летото 2025 година, а доколку потоа го напушти клубот ќе биде достапна откупната клаузула на Халанд и доколку има заинтересирани клубови ќе можат да ја активираат и да го доведат Норвежанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл
