Наполи и Реал Мадрид ја потврдија доминацијата на дуелите против Ливерпул и Ајнтрахт Франкфурт и со нови победи се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Кралевите“ славеа против Ливерпул со 1-0 и на „Сантијаго Бернабеу“ откако претходно го декласираа и на „Енфилд“ со 5-2.
Карим Бензема беше стрелец во 79.минута на асистенција на Винисиус Жуниор, но потоа и се повреди, па тоа е нова главоболка за Карло Анчелоти пред „Ел Класико“ кое се игра викендов на „Камп Ноу“.
Наполи и Елиф Елмас имаа уште една одлична партија против Ајнтрахт Франкфурт и победија со 3-0 на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Виктор Осимен беше двоен стрелец, во 45. и во 53.минута, а Пјотр Зиелински погоди од пенал во 64.минута.
Елиф Елмас на овој меч влезе во игра во 74.минута на местото на Квича Кварацкелија.
Покрај Реал Мадрид, кој ја брани европската круна, меѓу осумте најдобри екипи во ЛШ се пласираа и Наполи, Манчестер Сити, Интер, Милан, Челси, Баерн Минхен и Бенфика.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













