![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2023/03/napoli-so-ajntraht.jpg)
Наполи е домаќин на Ајнтрахт Франкфурт во реванш мечот од осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите. Италијанскиот тим го доби првиот меч на 21 февруари во Германија со 2-0, а стрелци на погодоците беа Виктор Осимен и Џовани Ди Лоренцо.
Овој резултат ги става „наполитанците“ во улога на фаворит, со оглед дека од 2017 година не дозволуваат пораз во ова атпреварување на својот стадион „Диего Армандо Марадона“.
Од 2013 година имаат само еден пораз со повеќе од три гола на домашен терен.
Во последното коло од Серија А, Наполи славеше со 2-0 над Аталанта и се врати на победничките патеки, со што одговори на изненадувачкиот пораз од Лацио една недела претходно и веќе има 18 бода предност во лигата пред Интер, а титулата е речиси освоена.
Клучен играч во тимот на Спалети е Грузиецот Квича Кварацкелија, кој има 13 гола и 15 асистенции во сите натпреварувања. Наполи нема посериозни проблеми со тимот и единствено ќе недостига Џакомо Распадори кој е повреден.
Ајнтрахт Франкфурт, од друга страна, е во спротивно расположението, а избраниците на Оливер Гласнер се во серија од четири последовни натпревари без победа пред гостувањето во Италија. Во нивниот последен натпревар во Бундес-лигата ремизираа 1-1 на домашен терен против Штутгарт, кој се бори за опстанок. Сепак, „орлите“ можат да се пофалат со добри настапи оваа година во Европа, со две победи и само еден пораз досега.
Оливер Гласнер, сепак, има посериозни проблеми со составот на својот тим, откако поради црвен картон е суспендиран францускиот интернационалец Рандал Коло Муани, а Јеспер Линдстром има повреда на скочниот зглоб. Ерик Ебимбе дури вчера се врати на тренинзите и неговото учество на натпреварот е неизвесно.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/20250211_234045-80x80.jpg)
Евро-фудбал
Анчелоти: Сезоната за Реал допрва почнува
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/osman-dembele-psg.avif)
Евро-фудбал
ЛШ: ПСЖ покажа моќ против Брест (ВИДЕО)
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2025/02/naingolan-123-80x80.jpg)