Ерлинг Халанд му даде пет гола на Лајпциг за еден час на теренот, а Пеп Гвардиола потоа го повлече и го спречи да стане рекордер. Вака тој го израмни достигнувањето на Лионел Меси и на Луиз Адријано во Лигата на шампионите со пет гола на еден меч.
Манчестер Сити го декласира Лајпциг со 7-0 на „Итихад“ и надмоќно се пласира во четвртфиналето на ЛШ.
Ерлинг Халанд го отвори резултатот од пенал во 22.минута, а само две минути подоцна зголеми на 2-0. Пред крајот на првиот дел постигна и трет гол за хет-трик.
Во вториот дел, Халанд погоди и во 53. и во 57.минута, а уште два гола додадоа Илкај Гундоган во 49. минута и Кевин де Брујне во 92. минута.
Интер издржа на „Драгао“ играјќи 0-0, а имаше минимална предност (0-1) од првиот меч во Милано. Фудбалерите на Порто дури трипати погодија статива, италијанскиот тим му се придружи на Милан во во четвртфиналето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal