Фудбалерите на Ливерпул утре му гостуваат на Реал Мадрид во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите и дополнително ќе бидат ослабени.
Покрај тоа што Тијаго Алкантара и Луис Дијаз се надвор од тимот поради претходните повреди, капитенот Џордан Хендерсон не тренираше ден пред натпреварот и најверојатно нема да му биде на располагање на Јирген Клоп.
Исто така, под голем знак прашалник е и Стефан Бајчетиќ, бидејќи го пропушти последниот тренинг, но отпатува со тимот во Мадрид.
Според некои најави, Џејмс Милнер ќе игра во средниот ред, бидејќи Наби Кеита е недоволно физички подготвен. Сигурни стартери се Фабињо и Харви Елиот.
Не ветува и фактот дека Ливерпул загуби со 5-2 на првиот меч на „Енфилд Роуд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026













