Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг не беше среќен по ремито без голови против Саутемптон на „Олд Трафорд“. Холанѓанецот не се согласи со одлуката на судијата да му покаже црвен картон на Кашемиро по интервенцијата на ВАР системот, а потоа да не се потврдат тврдењата на „црвените ѓаволи“ за пенал за прекршокот на Гавин Базуну над Маркус Рашфорд.
„Дали требаше да имаме пенал? Дефинитивно. Нема сомнеж за тоа. Не знам зошто ВАР не интервенираше кога претходно Касемиро имаше над 500 настапи во европскиот фудбал и никогаш немаше добиено црвен картон. Сега веќе има два во Премиер – лигата. Неговото отсуство нема да биде проблем. Ќе се справиме со тоа, но судиите секако влијаеја на овој натпревар“, изјави незадоволниот Тен Хаг по натпреварот.
„Проблемот е недоследноста. Играчите повеќе не разбираат каква е политиката на ВАР. Им честитам на играчите кои покажаа карактер играјќи толку долго со десетмина на теренот“, додаде Холанѓанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП













