
Не го заслужува тоа што му се случува, разговаравме и се колне дека е невин, изјави мајката на Ашраф Хакими, против кого полицијата во петокот покрена истрага за силување.
Обвинителството во Нантер покрена истрага против фудбалерот на ПСЖ и најдобриот марокански играч Ашраф Хакими (24) откако девојка даде изјава дека ја силувал.
Хакими, кој инаку е оженет и има два сина со шпанската актерка Хиба Абук, го препуштил случајот на адвокат и мирно го чека расплетот на ситуацијата.
Саида Муах, мајката на мароканскиот репрезентативец, застана во одбрана на својот син.
„Срцето ми вели дека е невин. Добро е воспитан и сите знаат дека е личност со висок морал. Не го заслужува тоа што му се случува, разговаравме и се колне дека е невин. Како е можно да биде обвинет за инцидент истата вечер кога неговата сопруга е во нивниот дом и има толку многу камери?
Девојката тврди дека Хакими ја бакнувал и ја допирал по градите без нејзина дозвола. Се запознале преку Инстаграм, а еден месец подоцна таа наводно влегла во такси и отишла кај него дома.
Полицијата ги испитува двете страни.
Хакими е вклучен во составот на ПСЖ за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн. Парижаните губат со 1-0, а останаа и без Нејмар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
