Македонскиот прволигаш Македонија ЃП влезе во хуманитарна мисија за помош на шестмесечното бебе Дамјан Петковски од Ѓорче Петров. Финансиите од сите билети за натпреварот против Тиквеш в недела ќе бидат донирани за помош за Дамјан, кој треба да биде опериран во клиника во Софија, а операцијата чини околу 30.000 евра.
„Средствата од билетите кои се купуваат на касата на стадионот ќе бидат донирани за 6-месечниот Дамјан Петковски од Ѓорче Петров. Тука сме итно потребни!
На 6-месечниот Дамјан констатирана му е вродена срцева мана-мултипен ВСД, апокално. Доколку болеста веднаш не се третира ќе донесе животно-загрозувачка состојба!
Потребна е наша помош за што поскоро Дамјан да биде опериран во Третата градска болница во Софија, Бугарија. За таа цел, потребно е да се соберат парични средства во износ од 30.000 евра кои во текот на следната недела треба да бидат уплатени на сметка на гореспоментата болница. Бидејќи операцијата е итна и ќе биде извршена по уплатата на средствата, немаме повеќе време за чекање! Дококолку не сте во можност да присуствувате на натпреварот, донирајте на сметката на Даниел Петковски со број 280000000383604-Силк Роуд Банка а.д. Скопје.
Да се собереме во што поголем број и да помогнеме Дамјан да продолжи да живее здраво и безгрижно!“, истакнаа од Македонија ЃП.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













