
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше поразот на неговиот тим од Барселона (0-1) на домашен терен во првата полуфинална пресметка од Купот на Кралот. Италијанскиот стратег тврди дека неговите играчи не заслужиле да загубат.
„Беше добар натпревар, напнат, со многу пресинг. Барселона имаше посед на топка само 40% од времето. Се претставивме добро, но не и таму каде што е најважно, пред голот на противникот. Нивната одбрана беше многу цврста. Одигравме речиси онака како што сакавме и бевме уверени дека ќе се вратиме. Сега треба да го повториме ова и во реваншот. Барселона не ја заслужи победата, тоа е очигледно. Ако го повториме нашиот интензитет ќе имаме шанса да победиме. Исто така, не мислам дека Барселона ќе ја повтори истата игра во одбрана на Камп Ноу“, изјави Карло Анчелоти.
Реваншот меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра на „Камп Ноу“ на 5 април.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
