
Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Едсон Арантес до Насименто – Пеле, почина денеска на 82-годишна возраст.
Претходните неколку дена тој ги мина во клиниката „Алберт Ајнштајн“ и се прости од семејството и пријателите знаејќи дека ќе ја загуби битката со ракот.
Пеле е победник на три светски првенства, што го прави единствениот играч во историјата кој успеал во тоа. Во исто време, тој го постигна својот прв гол на Светското првенство кога имаше само 17 години. Останатото е историја…
Според податоците со кои располага ФИФА, тој постигнал 1.281 гол на 1.363 натпревари, од кои повеќето се случиле додека го носел дресот на неговиот Сантос. Во овој тим од Сао Паоло помина 18 години, а последните две сезони од кариерата настапуваше за Њујорк Космос.
Во својата играчка кариера освои 37 трофеи, со Сантос шест пати беше шампион на Бразил, а двапати го подигна трофејот во Копа Либертадорес.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski