
Фудбалерот на Милан, Оливие Жиру е блиску до потпишување нов договор со клубот, објавија италијанските медиуми. Жиру минатата година за 2,85 милиони евра се пресели од Челзи во Милан, за кого одигра 57 натпревари, постигна 23 гола во сите натпреварувања и ја освои титулата во Серија А, прва за клубот по повеќе од една деценија.
Весникот „Ла Газета дело Спорт“ објави дека е постигнат договор за нов договор, а францускиот фудбалер ќе се врати на тренинзите во петок и ќе се сретне со директорите на клубот заедно со неговиот агент за да ги потврдат деталите. Поранешниот играч на Арсенал и на Челси ќе потпише едногодишен договор.
Жиру со француската репрезентација стигна до финалето на Светското првенство, каде постигна четири гола, но не успеа да ја одбрани титулата бидејќи Аргентина беше подобра по изведување пенали. На турнирот тој стана и најдобар стрелец во историјата на „триколорите“ со 53 погодоци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул
