
Манчестер Јунајтед нема да се откаже од идејата да привлече офанзивен фудбалер во јануари. Прв на листата на менаџерот Ерик тен Хаг беше неговиот сонародник Коди Гакпо, но тој изненадувачки брзо потпиша за Ливерпул.
Според неколку шпански медиуми, раководството на „црвените ѓаволи“ го насочиле кон Марко Асенсио. Крилниот напаѓач на Реал Мадрид ретко е во стартниот тим од почетокот на сезоната и не е јасно дали ќе го продолжи договорот на лето.
Асенсио од 1 јануари ќе може да преговара со други клубови, а на „Сантијаго Бернабеу“ не би имале против да ги слушнат можните понуди за него, за да не замине бесплатно по завршувањето на сезоната.
Манчестер Јунајтед веќе знае дека шпанскиот репрезентативец нема да чини премногу пари и подготвува понуда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
Роналдо со новите два гола го надмина Лео Меси
