
Карл Хофкенс веќе не е на кормилото на Клуб Бриж, соопшти денеска актуелниот белгиски шампион.
Хофкенс (44) доби отказ поради лошите резултати во белгискиот шампионат, каде по 18 натпревари Клуб Бриж заостанува 12 бода зад лидерот Генк.
Оваа сезона Хофкенс го одведе Бриж до осминафиналето на Лигата на шампионите, откако заврши на второто место зад Порто во групата Б.
„И покрај одличното издание во Лигата на шампионите, перформансите и нивото на игра во лигата останаа под очекувањата. Паузата поради Светското првенство не донесе напредок“, се вели во соопштението на клубот.
Клуб Бриж првиот натпревар во новата година ќе го одигра на 8 јануари против Генк, додека во февруари ќе ја пречека Бенфика во осминафиналето од Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
Роналдо со новите два гола го надмина Лео Меси
