
Челси води во трката за потпис на ѕвездата на Брајтон, Алексис Мекалистер. Офанзивниот играч за врска импресионираше со своите настапи за Аргентина на Светското првенство во Катар.
Мекалистер е под договор со Брајтон до 2025 година, а клубот има можност да го продолжи и за дополнителни 12 месеци. Сепак, ова нема да ги спречи гигантите да наддаваат за него.
Според аргентинското издание „TyC Sports“, Челси е прв во редот на тимови да се борат за неговиот потпис. Се верува дека токму неговиот поранешен ментор во Брајтон, Грем Потер, кој моментално е менаџер на „сините“ од Лондон, сака повторно да се соедини со Аргентинецот.
Челси ќе мора да внимава на конкуренцијата на Арсенал, Тотенхем и Атлетико Мадрид.
Мек Алистер му се приклучи на Брајтон од Аргентинос Јуниорс во јануари 2019 година. Оттогаш, тој одигра 86 натпревари, постигна 13 гола и имаше шест асистенции.
Оваа сезона постигна пет гола на 14 натпревари во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
Роналдо со новите два гола го надмина Лео Меси
