
Реал Мадрид ќе направи уште еден обид да го купи Килијан Мбапе и подготвен е да плати ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА. Французинот имаше импресивен настап на последното Светско првенство, стана најдобар стрелец со осум гола, иако Франција го загуби финалето од Аргентина, на пенали.
Како што тврди „Газета дело Спорт“, шпанскиот клуб е подготвен да потроши неверојатна една милијарда евра за да го реализира овој трансфер.
Во оваа сума се вклучени очекуваните плати на Французинот за период од четири сезони – вкупно околу 630 милиони евра. За трансферот ќе треба да се одвојат најмалку 150 милиони евра, што изнесува вкупно близу 800 милиони евра. Сигурно ќе им требаат многу повеќе пари за провизии, па затоа на „Бернабеу“ грубо пресметале дека треба да одвојат една милијарда европски банкноти.
Мбапе веќе имаше договор за слободен трансфер во Реал пред почетокот на сезоната, но се откажа и потпиша нов договор со Пари Сен Жермен. Новиот договор е со важност до летото 2024 година, со опција за уште 12 месеци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
