Килијан Мбапе постигна три гола во финалето на Светското првенство, но не го освои Мундијалот. Младиот Французин на тој начин стана најдобар стрелец на турнирот со осум гола, но и тоа не беше доволно за одбрана на титулата на Франција. На полувремето Аргентина водеше со 2-0 со головите на Лионел Меси и Анхел Ди Марија.
Франција се врати во 80. и 81. минута преку Килијан Мбапе, а потоа Аргентина поведе во судиското продолжение преку Меси во 108. минута. Неверојатниот Мбапе во 118. минута им донесе на Французите 3-3, но потоа беа поразени по лошото изведување пенали.
На социјалните мрежи кружи видео од француската соблекувална на полувремето.
Главен говорник е Мбапе, кој малку подоцна се трансформираше во главен лик на „триколорите“.
Селекторот Дидие Дешамп оди низ соблекувалната и молчи, додека Мбапе вели:
„Ова е мечот на животот, се игра на секои четири години. Полошо од ова не можеме! Можеме да се вратиме”, се обиде да ги мотивира соиграчите кои седеа во тишина.
Франција изгледаше слабо во голем дел од натпреварот, а потоа се врати со головите на Мбапе. На крајот, Кингсли Коман и Аурелиен Чуамени промашија удари од белата точка за пораз во финалето на СП.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













