
Кристијано Роналдо и Португалија ќе мора да чекаат друга шанса за освојување на Светското првенство. Што се однесува до Португалија, има шанса за четири години, на Мундијалот во САД, Мексико и Канада, но тешко дека Роналдо тогаш ќе игра за националниот тим.
Се верува дека турнирот во Катар му беше последна шанса да го освои најголемиот трофеј.
Многумина сметаат дека Роналдо бил токсичниот елемент во соблекувалната и дека по Манчестер Јунајтед лошата атмосфера ја префрлил и во репрезентативниот табор.
Еден од оние кои го критикуваа беше поранешниот ас на Баерн и на Интер, Лотар Матеус.
„Роналдо се уништи себеси и Португалија со своето его и тој е најголемиот виновник за резултатот на Португалците. Нема сомнеж дека Роналдо е еден од најдобрите играчи на сите времиња и одличен голгетер, но мора да бидете во можност да се соочите со фактот дека понекогаш нема место во првиот тим“, вели Матеус.
Легендарниот фудбалер вели и дека му е жал за Роналдо.
„На крајот малку ми е жал за Роналдо бидејќи понекогаш не е свесен за своето однесување и егото, што може да го уништи целиот тим“, заклучи Матеус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
