Дидие Дешамп ќе добие нов четиригодишен мандат на клупата на фудбалската репрезентација на Франција.
Познатиот француски весник „Л’Екип“ пишува дека долгогодишниот селектор и поранешен капитен на француската репрезентација Дидие Дешамп ќе остане на клупата на „триколорите“ и покрај тоа што не го одбрани пехарот во финалето против Аргентина на Светското првенство во Катар.
Дешамп го освои светското злато на домашен терен во 1998 година како капитен, а селекторската функција ја презеде во 2012 година, откако беше тренер на Монако и на Јувентус. На Европското првенство во 2016 година го освои среброто на домашен терен по поразот во продолженијата од Португалија, златото во Русија во 2018 година и среброто во Катар.
Неговиот договор трае до 31 декември, па се очекува наскоро во Париз да се сретне со претседателот на Француската фудбалска федерација (ФФФ), Ноел Ле Грает, а според „Л’Екип“ би требало да се договорат за продолжување на соработката без големи проблеми.
Дешамп, според сегашните околности, ќе ги предводи актуелните вицешампиони на светот и на СП 2026 што ќе се игра во Мексико, САД и Канада.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













